Asset Publisher

Event

Од следач на правила до поставувач на правила?

Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан

Asset Publisher

Details

Економскиот подем на НР Кина сè повеќе е придружен со обиди за вршење политичко и дипломатско влијание, како и за промовирање на нејзиниот политички модел и вредности. Нејзиниот нов надворешно-политички пристап ја доведе Кина во расчекор со САД и другите западни сили, вклучително и ЕУ и неколку земји членки, особено откако Кина возврати на санкциите што ЕУ ги спроведе против 4 кинески функционери. Во една таква значително поларизирана геополитичка средина, земјите од Западен Балкан би можеле да се соочат со тешки избори и одлуки. Иако им се признава правото да ја одржуваат и да ја развиваат својата соработка со Кина, тие ќе мораат да се погрижат тоа да се спроведе на начин што не го попречува нивниот процес на пристапување кон ЕУ и не ги отуѓува нивните западни партнери.

Земајќи го ова во предвид изминатиот период Кондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности – ЕСТИМА беа посветени на изготвување на анализа со наслов “Од следач на правила до поставувач на правила? Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан”. Публикацијата ја подготви Ана Крстиновска и има за цел да ги испита сегашните дилеми со кои земјите од Западен Балкан може да се соочат во однос на неодамнешните случувања меѓу ЕУ и Кина, да ги спореди потенцијалните придобивки со ризиците од соработката со Кина, да придонесе за посуптилно разбирање на присуството на Кина во земјите од Западен Балкан, како и да понуди препораки кои би можеле да им помогнат на креаторите на политики и во регионот и во ЕУ да направат поинформиран избор во врска со прашања поврзани со Кина.

Анализата ќе биде официјално промовирана пред пошироката јавност во рамки на претстојнот онлајн настан со наслов Од следач на правила до поставувач на правила? Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан”, закажан на 29 април 2021 година со почеток во 11:00 часот.

Настанот ќе биде отворен од страна на Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун.

Модератор и воведничар на настанот ќе биде Зоран Нечев, Раководител на Центарот на ЕУ интеграции при Институтот за демократија “Социетас Цивилис” - Скопје.   

Говорници на настанот:

Давид Меркле, Координатор за Кина, Одел за европска и меѓународна соработка, Фондација Конрад Аденауер, Берлин;

Ана Крстиновска, ЕСТИМА - Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности / актуелен стипендист на КАС;  

Игор Новаковиќ, Центар за интернационални работи и безбедност - ISAC Fund, Белград / поранешен стипендист на КАС.  

Работен јазик е англиски.

Вашето учество на настанот можете да го пријавите на следниот линк 

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referenten

  • Давид Меркле
    • Координатор за Кина
    • Одел за европска и меѓународна соработка
    • Фондација Конрад Аденауер
    • Берлин
  • Ана Крстиновска
    • ЕСТИМА - Здружение за развој на стратегии
    • истражување
    • едукација и промоција на меѓународни вредности / актуелен стипендист на КАС
  • Игор Новаковиќ
    • Центар за интернационални работи и безбедност - ISAC Fund
    • Белград / поранешен стипендист на КАС.
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher