Asset Publisher

Seminar
Ausgebucht

Политичка академија 2023

Лидери за иднината

Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 31 март до 02 април во Скопје го организираат првиот модул на Политичката академија 2023 насловен како „Лидери за иднината“.

Asset Publisher

Details

Political Academy 2023

Главна цел на Aкадемијата е да се зајакнат знаењата и вештините на политички ангажираните млади луѓе, како и да се мотивира нивното идно учество во креирањето политики на локално и национално ниво.

Академијата ќе се спроведе во текот на 2023 година, преку едукативни модули и менторска програма.

Преку неколку едукативни модули, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со напредни познавања од областа на уставниот и политички систем на државата и сите нивоа на власта, локалната самоуправа и јавна администрација, економските основи на македонското општество, позицијата на државата во меѓународните односи, членството во меѓународните организации и основите на Европската Унија, основи за јавен настап, однос со медиуми, деловна комуникација и однос со различни целни групи, како и креирање јавни политики, проектен менаџмент и иновации.

Во вториот дел на академијата, преку менторска соработка со најистакнатите политички претставници на ВМРО-ДПМНЕ, учесниците ќе ги учат вештините кои ги поседуваат ефективните и успешните лидери, ќе ги зајакнат своите преговарачки и комуникациски вештини, ќе ги развијат вештините за креирање јавни политики, но и ќе ја унапредат својата мрежа на контакти. За најдобрите и најпосветените учесници, следуваат и можности за стипендиска поддршка.

Политичката академија ќе вклучи околу 30-тина лица, членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, на возраст од 22 до 35 години.

Покрај од КАС, модулите на Политичката академија ќе бидат поддржани и од други партнери на ВМРО-ДПМНЕ, како што се ИФЕС со поддршка на Швајцарската агенција за развој, Меѓународниот републикански институт и Националниот демократски институт.

Во рамки на официјалното отворање на Политичката академија кое ќе се одржи на 31 март, свои обраќања ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Skopje
1000
North Macedonia

Локација

Referenten

  • Александар Николоски
    • Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / Пратеник
  • Гордана Димитриеска Кочоска
    • Потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ
  • Владо Мисајловски
    • Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / Пратеник
  • Тимчо Муцунски
    • Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / Градоначалник на Општина Аеродром
  • Александар Спасеновски
    • Поранешен пратеник / Правен факултет „Јустинијан Први“– Скопје
  • Гордана Силјановска Давкова
    • Пратеничка / Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Сашо Клековски
    • Политички аналитичар / Член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
  • Илија Димовски
    • Поранешен пратеник / Поранешен директор на Центарот за комуникации
  • Марина Димовска
    • Соработник во Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешна политика

Publikation

Политичка академија 2023: Лидери за иднината
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Logo Ljubisha Georgievski