Asset Publisher

Seminar
Ausgebucht

Политичка академија 2023

Лидери за иднината

Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 29 септември до 01 октомври во Крушево го организираат вториот модул на Политичката академија на тема „Македонската надворешна политика и геостратешките предизвици во контекст на руската воена агресија во Украина“.

Asset Publisher

Details

КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ го организираат овој настан со селектирани 30-тина учесници, членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Политичката академија: Лидери за иднината, преку повеќе едукативни модули и менторска програма.

Настанот претставува удел во континуираната поддршка која КАС ја дава кон градење одржлив развој во државата, поттикнување на младите политичари и нивна подготовка за водење на процесите на напредок во државата.

Тридневниот настан особeно ќе опфати теми од меѓународната политика и интегративните процеси, како што се историја на меѓународните односи во Европа и на Балканот, односите помеѓу регионот на Западен Балкан и Европската унија во специфични предизвикувачки околности, предизвиците од руската воена агресија врз безбедносните системи на Европа, улогата на европските институции, како и работилница за мултилатерални преговори.

Покрај од КАС, модулите на Политичката академија се поддржани и од други партнери на ВМРО-ДПМНЕ, како што се ИФЕС со поддршка на Швајцарската агенција за развој, Меѓународниот републикански институт и Националниот демократски институт.

КАС продолжува со силната поддршка на градењето капацитети на политичките чинители во правец на носење правилни одлуки, базирани на знаење, искуство и информации.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Крушево
7550 Крушево
North Macedonia
Zur Webseite

Локација

Referenten

  • Емил Димитриев
    • Поранешен Претседател на Владата
  • Ане Лашкоска
    • Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ)
  • Петар Ристески
    • Пратеник (ВМРО-ДПМНЕ)
  • Иванка Василевска
    • Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ) / Правен факултет „Јустинијан Први“– Скопје
  • Зоран Нечев
    • Раководител на Центарот за ЕУ интеграции на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје
  • Христијан Конески
    • Европскиот суд за човекови права
  • Стефан Андоновски
    • Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“

Publikation

Политичка академија: Лидери за иднината
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Logo Ljubisha Georgievski