Asset Publisher

Online-Seminar

Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество

Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?

На 16 април со почеток од 11.00 часот КАС во соработка со собранискиот Клуб за младински прашања и политики ќе организира настан на ZOOM платформата на тема „Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?“

Asset Publisher

Details

Political leadership of the future

Собранискиот Клуб за младински прашања и политики за првпат беше формиран во 2017 година и е уште познат како Клуб на млади пратеници. Клубот беше едно од телата што беше активно вклучено во изготвувањето на Законот за младинско учество и политики.

Во тој контекст овој настан е фокусиран за поголемо запознавање на јавноста и пред сè на младите со активностите и улогата на клубот, исто така има за цел да се отвори и дискусија за приоритетите и целите на Клубот во наредниот период заедно со младите.

Темите на дискусија меѓудругото ќе опфатат: Како може ситуацијата со Ковид-19 да се искористи за да се зајакне учеството на младите во политичките процеси?; Кои се главните приоритети на Клубот во наредните 3 и пол години?; Како Клубот одржува контакти и прибира информации со клучни засегнати страни (младински организации и институции)?

На настанот ќе се обратат:

Бојан Петровски, Претседател на Национален младински совет на Македонија

Артина Ќазими, Пратеник (Алијанса на Албанците)

Моника Зајкова, Пратеник (Либерално демократска партија)

Сафије Садики Шаини, Пратеник (Алтернатива)

Фиснике Бектеши Шаќири, Пратеник (ДУИ)

Дарко Каевски, Пратеник (СДСМ)

Тимчо Муцунски, Пратеник (ВМРО-ДПМНЕ)

Настанот ќе го отворат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Јован Јаулески, пратеник и координатор на Клубот за младински прашања и политики.

Настанот ќе биде модериран од Иван Јованов, Извршен директор на Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD).

За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски албански и англиски јазик.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referenten

  • Бојан Петровски
    • Претседател на Национален младински совет на Македонија
  • Артина Ќазими
    • Пратеник (Алијанса на Албанците)
  • Моника Зајкова
    • Пратеник (Либерално демократска партија)
  • Сафије Садики Шаини
    • Пратеник (Алтернатива)
  • Фиснике Бектеши Шаќири
    • Пратеник (ДУИ)
  • Дарко Каевски
    • Пратеник (СДСМ)
  • Тимчо Муцунски
    • Пратеник (ВМРО-ДПМНЕ)

Publikation

Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество: Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075