Asset Publisher

Event

Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата

Панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел на 13 јуни (понеделник) со почеток од 11.00 часот ја организираат панел дискусијата на тема „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“.

Asset Publisher

Details

Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата

Оваа панел дискусијата има за цел да поттикне дискусија за потребата за унапредување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата.

На панел дискусијата со свое воведно обраќања ќе земе учество Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент и Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Во рамки на панел дискусијата исто така ќе се обратат и

Гордана Сиљановска Давкова, Пратеничка и Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје

Жаклина Пешевска, Пратеничка и Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Моника Зајкова, Пратеничка и член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Влора Речица, Истражувач и раководителка на центарот за парламентарна поддршка и демократизација при Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје

Настанот ќе биде отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Елефтерија Катци, Соработник за комуникација и медиуми при Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на СР Германија во Северна Македонија.

Панел дискусијата ќе биде модерирана од Марија Ристеска, Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.

По панел дискусијата ќе биде организиран и пригоден коктел за присутните.

Работни јазици на настанот се македонски, албански, англиски и германски (со обезбедено симултано толкување).

Панел дискусијата ќе се одржи во Ragusa Rooftop (Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1).

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Skopje
1000
North Macedonia

Локација

Referenten

  • Гордана Сиљановска Давкова
    • Пратеничка и Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Данела Арсовска
    • Градоначалничка на Град Скопје
  • Жаклина Пешевска
    • Пратеничка
  • Моника Зајкова
    • Пратеничка и член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Влора Речица
    • Истражувач и раководителка на центарот за парламентарна поддршка и демократизација при Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје

Publikation

Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата: Панел дискусија
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Wilfried Martens Centre for European Studies