Asset Publisher

Online-Seminar

Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент

Улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија

На 15 април со почеток во 13.00 часот, КАС во соработка со Институт за демократија организира онлајн конференција на тема „Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент“.

Asset Publisher

Details

Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент

Форумот има за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот Парламент.

Г-н Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и г-н Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија ќе одржат воведни обраќања.

Говорници на оваа конференција се г-н Горан Мисовски, заменик претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Марион Валсман, заменик претседавач  на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, г-н Александар Николоски, претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции и г-н Владимир Билчик, член на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија.

Конференцијата ќе биде модерирана од страна на г-н Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија.

За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски, германски и англиски јазик.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referenten

  • г-н Горан Мисовски
    • заменик претседател на Собранието на Република Северна Македонија
  • г-ѓа Марион Валсман
    • заменик претседавач на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија
  • г-н Александар Николоски
    • претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции
  • г-н Владимир Билчик
    • член на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075