Asset Publisher

Event

Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје организира регионална конференција на тема “Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотелот Хилтон во Скопје со почеток во 09:30 часот.

Asset Publisher

На почеток

Details

Иницијативата има за цел да понуди платформа за размена на знаење и искуства помеѓу експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од регионот, поточно Северна Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, како и од Германија, и да овозможи дискусија во однос на актуелните безбедносни предизвици пред кои се исправени регионот и Европа во време на воена агресија во Украина, земајќи ги во предвид влијанијата од страна на надворешните актери и пропагандата, како закана за демократијата, мирот и стабилноста.

Во рамки на официјалното отворање на настанот со свои обраќања на темата ќе земат учество:  

Даниел Браун, Официјален Претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и Косово;

Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје;

Проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје;

Славјанка Петровска, Министер за одбрана;

Н.Е. Лариса Дир, Амбасадор на Украина во Република Северна Македонија;

Ерик Мајер, Заменик шеф на Мисија, Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

Флориан Трегер-Штајнтјес, Раководител на оддел за култура и медиуми при Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

Воведничар на настанот ќе биде Проф. д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.  

Работни јазици на настанот се македонски и англиски (со обезбедено симултано толкување).

За повеќе информации погледнете ја програмата од настанот. 

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075