Asset Publisher

Diskussion

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Панел дискусија и презентација на анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе ја промовираат анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Asset Publisher

Details

Во изминатите неколку години кинеската “мека моќ” бележи пораст, достигнувајќи го четвртото место во светот на Глобалниот индекс на мека моќ. Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, во периодот од 2018 до 2021 година репутацијата на Кина се подобри за 13% и Кина успева да постигне значителни резултати во поглед на позитивно претставување во медиумите во споредба со вложената инвестиција за таа цел.
Какви алатки и тактики користи Кина за да ги постигне овие резултати? Со кои наративи се служи за да го зајакне влијанието на својата мека моќ? И најважно, кои се целите на Кина и влијанието кое до сега е постигнато?
Сите овие прашања и дилеми ќе бидат дел од оваа панел дискусија на која ќе бидат презентирани резултатите и заклучоците од истражувањето кое Фондацијата Конрад Аденауер го спроведе заедно со ЕСТИМА.

Промоцијата во форма на панел дискусија ќе се одржи на 01 декември во Хотелот Панорамика во Скопје со почеток во 10:00 часот.

Настанот ќе го отвори директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун, а свое излагање на темата ќе имаат д-р Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности  ЕСТИМА, д-р Кристофер Неринг, Соработник на Фондацијата Конрад Аденауер на Програмата за медиуми во Југоисточна Европа при Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Софија и Антонијо Милошоски, Претседател на Парламентарната Комисија за надворешна политика и  член на Интернационалната Парламентарна Алијанса за Кина. 

Дискусијата ќе ја модерира проф. д-р Христина Рунчева-Тасев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.  

Работни јазици на настанот се македонски и англиски (со обезбедено симултано толкување).

За повеќе информации погледнете ја програмата од настанот. 

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075