Asset Publisher

Seminar

Зајакнување на Училишната заедница на СГГУГС Здравко Цветковски

Повик за учесници

Фондација Конрад Аденауер, во соработка со СГГУГС Здравко Цветковски, започна со реализирање на проект кој има за цел да ја зајакне постоечката Училишна заедница на средното училиште Здравко Цветковски во Скопје.

Asset Publisher

Details

Преку проектот, учениците ќе ги зајакнат своите капацитети за раководење со Училишната заедница и ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.

За таа цел, ги повикуваме средношколците од СГГУГС Здравко Цветковски, да аплицираат за учество во процесот за зајакнување на Училишната заедница и да добијат можност да бидат дел од раководните структури на истата.

Проектот ќе биде поделен во три фази:

Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 25 ученици преку серија од три обуки:

-> Обука за младинско учество и младински активизам - 9-10 април;

-> Обука за лобирање и застапување и процеси на носење на одлуки - 23-24 април;

-> Симулација на функционирањето на Училишната заедница - 20 мај;

Сите три обуки ќе бидат дводневни и ќе се реализираат во Скопје на следните датуми. Присуството на сите обуки е задолжително.

Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање на локација надвор од Скопје каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.

Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.

Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на

АПЛИКАЦИСКАТА ФОРМА, најдоцна до 03.04 (недела).

Силно веруваме во вашиот потенцијал и уверени сме дека проектот ќе ви даде можност да се стекнете со вештини и знаењa преку кои ќе можете да управувате со Училишната заедницата.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

СГГУГС Здравко Цветковски

Контакт

Johannes D. Rey

Johannes D. Rey (2020) kas

Leiter des Auslandsbüros Kasachstan

johannes.rey@kas.de +7 7172 92 50 31
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075
/ /