Зајакнување на Училишната заедница на СУГС Орце Николов - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Seminar
Details
Доколку сакаш да:
бидеш дел од циклус од 3 обуки за младинско учество и ангажираност и 4 дневен семинар за стратешко планирање
одлучуваш и работиш на предизвиците кои тебе како ученик те засегаат
бидеш претставник на твоите соученици
работиш на твојот личен развој и ги зајакнуваш твоите капацитети
преку овој проект конечно ја имаш таа можност
Проектот ќе биде поделен во три фази:
• Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 25 ученици преку серија од три обуки:
-> Обука за младинско учество и младински активизам; 23.04-24.04.2016
-> Обука за лобирање и застапување и процеси на носење на одлуки; 07.05 – 08.05.2016
-> Симулација на функционирањето на Училишната заедница; 21.05.2016
сите три обуки ќе бидат дводневни и ќе се реализираат во Скопје. Присуството на сите обуки е задолжително.
• Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.
• Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.
Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на АПЛИКАЦИСКА ФОРМА, најдоцна до 15.04 (петок).