Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

„Ефектите од глобалниот тероризам и радикализам за Македонија и регионот“

семинар

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер од 22-24 јули во Охрид се одржа семинар на тема: „Ефектите од глобалниот тероризам и радикализам за Македонија и регионот".

Asset Publisher

Целта на овој семинар беше да им овозможи на учесниците да развијат дискусија за актуелните предизвици за македонското општество, државата и верските заедници во врска со овој глобален проблем.

За време на дискусиите се отворија теми како што се тероризмот во историски контекст, улогата на ОН во борбата против глобалниот тероризам, опасностите за Македонија и општеството, како и младите како потенцијални учесници и жртви во терористичките акти. Понатаму, како предмет на дебата беше отворена и улогата на медиумите и нивната одговорност во информирањето за овој глобален предизвик, како и улогата на религијата и верските заедници. Конечно, тероризмот и радикализмот беа дискутирани и низ призма на перцепциите за Европа и Блискиот Исток.

Целната група на семинарот беа актуелните и поранешни стипендисти на Фондацијата Конрад Аденауер.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher