Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

„Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза“

меѓународна конференција

Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со нејзиниот партнер, Европското Движење во Република Македонија, во соработка со Институтот за геостратешко истражување и надворешна политика при Министерство за надворешни работи во Република Македонија и Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ) – Трст ја поддржаа организацијата на меѓународната конференција насловена „Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза – Перспективата на граѓанското општество”.

Asset Publisher

Претставници на Националните совети на европските движења, претставниците на организациите од граѓанското општество во земјите членки на Централно Европската Иницијатива, претставници од државните институции и меѓународни организации кои се вклучени во процесот на следење на бегалците како и претставници од дипломатскиот кор во Македонија, претставници од академската фела и експерти зедоа учество во дискусиите за предизвиците со кои се соочуваат балканските и европските земји во врска со мигрантската и бегалска криза.

Меѓу главните теми за дискусија беа европските вредности како насоки за одговорот на Европа во однос на кризата, импликациите од масовниот бран на бегалци и мигранти во економска, социјална, финансиска и политичка смисла, потоа заедничката одговорност за континуирано градење свест и ставови на недискриминација, анти-ксенофобија, толеранција и солидарност за луѓето кои имаат потреба. Понатаму, дискутирана беше и улогата на граѓанското општество и локалните власти од аспект на социо-економска интеграција на барателите на азил, како и потребата за интегриран систем на одбрана и заштита на границите. Покрај тоа, порастот на трговија со мигранти, нелегален превоз на лица, инциденти со и меѓу мигрантските групи и ризиците за инфилтрација на радикални терористи беа теми кои беа споменати и обработени за време на конференцијата.

На конференцијата беше истакнато дека Западниот Балкан претставува една од клучните врски во европскиот безбедносен систем и се покажа дека има голема улога во изнаоѓањето на одржливо решение за политичката и безбедносна ситуација. Конечно, постои потреба од поголема конзистентност и ангажман од страна на сите владини нивоа во земјите во Европа за имплементација на постоечките регулативи и ефикасно управување со брановите на мигранти и бегалци како и зајакната соработка меѓу граѓанскиот сектор и властите на национално и интернационално ниво.

На почеток

Asset Publisher

01 KAS Skopje

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher