Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

ЗЕМИ ЗДИВ И РАЗМИСЛИ!

Ни претставува задоволство да ги објавиме првите цртежи на двајца млади артисти, Јана Јакимовска и Анила Бериша, кои беа избрани на конкурсот за цртежи/кратки комични стрипови.

Asset Publisher

Се работи за нов пристап кој има за цел да ја подигне свеста на пошироката јавност, особено помеѓу младите луѓе од Македонија и Косово, за важноста на прашањата поврзани со заштитата на животната средина и неопходноста од нивна инклузија во приоритетите на политиката и општеството. Со серија цртежи/кратки комични стрипови кои ќе ги објавиме во наредниот период ќе се обидеме на еден поинаков начин, преку илустрации и хумор, да промовираме заштита на животната средина и одржлив развој.

Во оваа насока и понатаму ги охрабруваме сите млади артисти и воопшто сите млади луѓе со големи идеи да учествуваат во оваа иницијатива и да поднесат свои предлози. Повеќе информации за повикот кој е од отворен карактер можете да најдете на линкот во горниот десен агол.

На почеток

Asset Publisher

Einzeltitel
28, октомври 2015
Прочитај повеќе
/ /

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher