Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Делегација на ЕФФ во посета на Македонија

КАС беше домаќин при посетата на претставниците на фондацијата Едуардо Фрај од Холандија (ЕФФ). За време на посетата, претставниците на ЕФФ остварија голем број на политички средби но и средби со претставници од граѓанскиот секторот со кои се разговараше за моменталната политичка ситуација и идните предизвици на Македонија особено на патот кон ЕУ.

Asset Publisher

За време на нивната посета беше организиран и семинар на тема “Успешни политики од и за жените” наменет за претставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. На овој семинар беше дискутирано за улогата на жените во политиката и во општеството, како и за потребата од континиирано промовирање и поттикнува на еднаквите можности за жените во сите аспекти на општеството.

Делегацијата на ЕФФ се информираше и за влијанието на бегалската криза во земјата, како и за преземените мерки од страна на државата со цел справување со овој предизвик.

На почеток

Asset Publisher

EFF visit KAS Skopje

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher