Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

КАТЕДРА АДЕНАУЕР

Од 8 до 10 мај во Дојран се одржа третата по ред “Катедра Аденауер” на која присуствуваа 37 студенти од различни универзитети од Македонија.

Asset Publisher

Оваа година, темата на настанот беше “Граѓаните, политиката и религијата” претставена преку предавања од професори од различни области, работилници но и дискусии од страна на самите учесници.

Главните точки на дискусија од страна на студентите беа:Политика и религија во Европа; Влијанието на религијата на општеството и политиката; градење на идентитетот и популизам; предизвиците во општествата по мигрантската криза.

“Катедра Аденауер” претставува научна и образовна платформа преку која студентите стекнуваат знаења но и ги прошируваат своите аспекти за општеството. Настанот е организиран од страна на Фондација Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии од Брисел.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher