Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Кристиан Кремер во посета на Македонија

КАС беше домаќин при посетата на г-дин Кристиан Кремер, заменик генерален секретар на Европската народна партија (EPP). За време на посетата г-дин Кремер се сретна со високи државни претставници од земјата со кои разговараше за моменталната политичка ситуација и идните предизвици на Македонија на патот кон ЕУ.

Asset Publisher

Г-дин Кремер исто така имаше дискусија на тема “Современа народна партија” со претставници на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на неговата посета Кремер се информираше и за влијанието на бегалската криза во земјата и воедно ја посети македонско-грчката граница и транзитниот прифатен центар во Гевгелија, каде што беше запознаен со преземените мерки од страна на државните институции во процесот на контрола и регистрација на бегалците, како и со капацитетите на државата за згрижување и пружање соодветена помош на овие луѓе.

На почеток

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher