Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Европската унија 60 години од потпишувањето на Римскиот договор: Дали Македонија оди кон Европа?

По повод 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, Европското движење на Р. Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер ја организираа панел дискусијата која го отвори прашањето: Дали Македонија е на вистинскиот пат?

Asset Publisher

Панел дискусијата беше одржана во свечената сала на Филозофскиот Факултет на 31 март. Истакнати гости беа поканети да го споделат своето мислење и да испратат порака до македонската јавност, како амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

За време на дискусијата ЕУ амбасадорот ја истакна европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но во исто време ја изрази својата загриженост за актуелната политичка ситуација во Македонија и повика за што побрзо формирање на нова влада.

Од друга страна, Јоханес Раи ги изрази своите фрустрации на неможноста на политичките елити сами да ги решат своите проблеми. Во исто време, тој го отвори и прашањето дали Европа е на вистинскиот пат исто така?

Овој настан е дел од традиционалното одбележување на 9-ти мај (ден на Европа).

На почеток

Asset Publisher

/

comment-portlet

Asset Publisher