Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Зајакнување на Училишната заедница во СУГС Никола Карев

Фондацијата Конрад Аденаеуер во соработка со Младите можат започнаа со реализирање на првиот пилот проект од ваков вид со цел да ги зајакнат капацитетите на постоечката училишна заедница во СУГС Никола Карев. Целта на проектот е да ги поттикне студентите да ја подобрат работата и да создадат функционален и одржлив модел на училишната заедница.

Asset Publisher

Проектот е поделен во три фази. Првата фаза опфаќа серија од три дводневни обуки за 25 ученици членови на заедницата. Втората фаза опфаќа стратешко планирање преку кое учениците ќе имаат можност да направат сопствен модел за функционирање на училишната заедница. Третата фаза ќе опфати организација на консултативни сесии и процес на селекција на ново раководство на заедницата.

На 17 септември, проектниот тим имаше можност да учествува на конститутивната седница на училишната заедница за 2015/2016

година каде учениците го избраат новото раководство т.е. претседател и потпретседател. Пред сесијата, проектниот тим имаше можност да го претстави целиот проект и да ги најави сите активности.

На почеток

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher