Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

“Младите за развој: Зајакнување на генерацијата Е"

EDS го одржа првиот работен состанок во Скопје

Официјалната студентската организацијата на Европската народна партија, EDS (European Democratic Students) заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го организираа првиот состанок на советот на организацијата за работната 2015/2016 година под работен наслов “Младите за развој: Зајакнување на генерацијата Е". Настанот беше одржан во Скопје, од 29 септември до 4 октомври со финансиска и организациска поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер претставништвото во Скопје и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии од Брисел.

Asset Publisher

На состанокот на EDS беа присутни над 40 учесници од дваесет и две земји, меѓу кои Претседателот и Генералниот секретар на EDS, како и неколку членови на советот на организацијата. Сите учесници на настанот се идни лидери на нивните политички партии и студентски организации.

Главниот фокус на настанот беше ставен на три важни прашања: 1. Претприемништво 2. Стимулирање на економски развој и 3. Улогата на образованието врз развојот. Во текот на дискусиите делегатите имаа можност да се сретнат и да дебатираат со политичари како и личности од академските кругови од земјава.

За време на состанокот на советот, фокусот беше ставен на развивање на резолуции за стимулирање развој преку младински политики, како и на резолуции за актуелни политички прашања како што е кризата со мигрантите. По настанот ваквите резолуции беа испратени до групата на Европската народна партија во Европскиот парламент.

Воедно, настанот овозможи идните лидери од цела Европа да се запознаат подобро со земјата и да ја разберат нејзината улога во контекст на Европа. Исто така, активните дискусии придонесоа за зголемено вмрежување на EDS и нејзините организации членки со цел да се изгради посилна и поинклузивна европска иднина.

На почеток

Asset Publisher

EDS /

comment-portlet

Asset Publisher