Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

KAS SCHOLAR INITIATIVE

Со целосна поддршка во процесот на планирање и реализирање, стипендистите на КАС организираа семинар со наслов “Economy-Education-Employment” кој се одржа од 9 до 12 ноември во Пеќ, Косово.

Asset Publisher

Оваа иницијатива започна со цел да им се даде шанса на моменталните и поранешни стипендисти на фондацијата да планираат и имплементираат активности. Првата активност беше настан наменет за стипендистите од Македонија и Косово чиј фокус беа актуелни теми од полето на економијата, образованието и вработувањето.

Во рамки на семинарот, учесниците имаа сесии за кариерен развој, дискусии за одлив на мозоци и младински политики, но и презентација на можности за започнување на бизнис и финансирање со државни грантови. Исто така беа презентирани и можностите кои ги нуди Регионалната канцеларија за соработка на младите од Западен Балкан (RYCO).

Следната активност од овој тип ќе биде одржана во Македонија.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher