Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

„Миграциjата на Балканот: заеднички безбедносни предизвици и начини за справување со продолжената криза”

регионална студентска конференција

Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Факултетот за безбедност - Скопје, во Скопје и Гевгелија беше домаќин на регионалната студентска конференција на тема: „Миграцијата на Балканот: заеднички безбедносни предизвици и начини за справување со продолжената криза”. Педесетина учесници од Македонија и Грција учествуваа на конференцијата која се организираше во соработка со два универзитети од Република Грција: „Универзитетот Аристотелес (Aristotelian University of Thessaloniki) и „Шефилд Универзитетот (City College of Thessaloniki (University of Sheffield)" од Солун.

Asset Publisher

Во рамки на настанот се одвиваа интерактивни предавања и дебата помеѓу студенти и професори од Македонија и Грција, како и претставници од НВОа од двете земји кои се активни во оваа сфера. Теми за дискусија во рамки на конференцијата беа поттикнувањето на меѓувладина соработка меѓу двете држави со цел справување со заедничките безбедносни предизвици; хуманитарните предизвици на границите како што се трговијата со луѓе и криумчарење; прекуграничната соработка, миграцијата и менаџирањето на бегалската криза како и справувањето со предизвиците на продолжената бегалска/мигрантска кризата преку регионална соработка на НВОа на Балканот.

Покрај панел дискусиите и работилниците, учесниците беа примени и од страна на министерот за надворешни работи, г-дин Никола Попоски.

Исто така, студентите имаа можност да се сретнат и со градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, а потоа го посетија и бегалскиот транзитен центар „Винојуг“, каде што се запознаа со капацитетите и условите за живот на мигрантите кои се сместени таму во моментов.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher