Asset Publisher

Извештаи за настани

Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество

Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?

На 16 април 2021 година, КАС во соработка со собранискиот Клуб за младински прашања и политики ја организираше онлајн дискусијата на тема „Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?“ која се реализираше во рамки на настанот „Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество“.

Asset Publisher

Сподели

Говорници на дискусијата беа младите пратеници и членови на клубот:

Артина Ќазими, Пратеник (Алијанса на Албанците)

Моника Зајкова, Пратеник (Либерално демократска партија)

Сафије Садики Шаини, Пратеник (Алтернатива)

Фиснике Бектеши Шаќири, Пратеник (ДУИ)

Тимчо Муцунски, Пратеник (ВМРО-ДПМНЕ)

Младите пратеници имаа можност да ги споделат своите мислења и ставови во однос на приоритетите на клубот, соработката со младите и другите општествени и политички чинители, но и да говорат за активностите кои ги спроведува клубот. Дополнително, говорник на настанот беше и Претседателот на НМСМ, Бојан Петровски кој се обрати во својство на претстаник на граѓанскиот сектор во земјата. Настанот привлече големо внимание и на него присуствуваа над 70 млади, претставници на младински организации, медиуми итн.

Настанот беше отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на КАС во Скопје, кој истакнa дека политиките не треба да се фокусираат на ограничувањата на самата партија туку да се размислува на младите генерации, констатирајќи дека понекогаш дебатите нема да бидат лесни, но на крајот од денот значајно е да се постигнуваат добри решенија.

Од друга страна, Јован Јаулески, Координаторот на Клубот за младински прашања и политики и пратеник, на настанот истакна дека главен фокус на клубот треба да е имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, тој исто така апелираше до институциите да бидат поажурни во имплементирање на овој закон.

Дискусијата која се разви за време на настанот беше во насока на потребара за поголемо следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и политики, поголемо вклучување на младите во работата и придонес со идеи кон Клубот за младински прашања и политики, потоа зголемување на бројот на законски иницијативи во Собранието кои ќе бидат поднесени од страна на клубот, но и поголема застапеност во медиумите и јавноста на младински теми. Панелистите воедно апелираа до младите да доставуваат свои предлози и да ги споделуваат проблемите со пратениците, пред се со Клубот за младински прашања и политики.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher