Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА 2017

ЈАКНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

Од 16 до 17 септември во хотел Мериот се одржа Политичката академија 2017. Настанот е организиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот Павел Шатев.

Asset Publisher

“Општинската политика, локалната политика е исто така училиште за високата политика” (Конрад Аденауер)

Политичка академија понуди теоретски знаења како и практична обука за развој на вештини за практична работа на локално ниво. На неа учество земаа кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори 2017.

Како гости-предавачи покрај домашните експрти, свои излагања имаа и Кристијан Седек од Католичкиот универзитет на Хрватска, Марко Селаковиќ, Експерт за односи со јавност и медиуми од Србија и Хенрик Дејл, Советник за комуникации на парламентарната група Хојре – Норвешка.

Со учеството на академијата учесниците ќе можат да ги применат стекнатите вештини и знаења за да влијаат врз развојот на локалната политика.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher