Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Промовиран прирачникот за спречување на корупција во локалната администрација.

Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација подготвија Прирачник за спречување на корупцијата во локалната администрација кој беше промовиран на 19.04.2017 година во јавноста.

Asset Publisher

На почеток

Прирачникот е изготвен како практична алатка која ќе им послужи на државните службеници и вработените во локалната самоуправа во секојдневното работење, придонесувајќи кон јакнење на доброто владеење на локално ниво. Тој претставува краток сублимат на прописите во Македонија, односно што е корупција, кои се обврските на Државната комисија за спречување на корупцијата но и начелата за постапување на службените лица.

За време на настанот свои излагања имаа Коце Трајановски – претседател на ЗЕЛС, Тимчо Муцунски – заменик министер за информатичко општество и администрација, Јоханес Рај – Постојан преставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Јасна Оровчанец Анѓелковиќ и Мартина Мартинова од МЗМП.

Прирачникот може да се преземе од нашата веб страна и е достапен на македонски и албански јазик.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher