Програмата беше официјално отворена со обраќања на Роберт Јанев, програмски менаџер во фондацијата Конрад Аденауер, и Катерина Јакимовска, виш офицер за проекти во Центарот за европски студии Вилфред Мартенс. Тие го истакнаа особеното значење на одржлив интеркултурен дијалог во регион што сè уште се соочува со наследството на национализам и конфликти од минатото, но кој сè повеќе е отворен за градење заедничка иднина преку соработка на младите и развој на демократските вредности.
Динамиката на работа беше поставена уште од почеток преку споделувања на лични искуства и размислувања околу сопствениот идентитетот. Учесниците дискутираа за различните слоеви што ги дефинираат поединечно, односно етничката припадност, религијата, јазикот, националноста, вклучувајќи ги нивните лични искуства, а воедно направија анализа како овие елементи го обликуваат нивниот поглед и интеракција во општеството на кое им припаѓаат. Овие почетни активности беа спроведени со цел да се создаде доверба и отвореност помеѓу учесниците, поставувајќи основа за подлабока ангажираност во текот на неколкуте работни дена.
Меѓу главните фокуси на летната школа беше и можноста да се истражат културните вредности и перцепции. Преку серија интерактивни вежби вклучувајќи ги „The wall of greatness“, „A tale of two villages“ и „Frames and Reframing“ – учесниците критички анализираа како културните норми и општествените наративи влијаат врз ставовите кон другите. Овие сесии им овозможија на студентите да ги препознаат скриените предрасуди и да го согледат начинот на кој различните општества ги категоризираат разликите. Во текот на активностите се разговараше и за културната адаптација и идентитетска флуидност, кои како концепти, не беа анализирани како апстрактни теории, туку како секојдневни реалности во мултиетнички заедници низ регионот.
Помеѓу активностите на летната школа беше организирана и панел дискусијата на тема „Религиозни, културни и етнички реалности во Европа“, со учество на панелисти (студенти) од секоја земја учесничка. Дискусијата беше темелена на личните искуства и пошироките регионални трендови, а воедно панелистите се се осврнаа и на врските меѓу национализмот и религијата, предизвиците на секуларизмот и правата на малцинствата во демократските општества. Учесниците воедно дискутираа како образованието, медиумите и државните институции можат или да ги зајакнат стереотипите или да промовираат општествена кохезија.
Со цел да се овозможи согледување на овие теми локално, учесниците ги посетија позначајните религиозни и и културни локалитети во Охрид. Градот, со своите цркви, џамии и историски споменици стари повеќе векови, претставува жив пример за соживот, комплексност и отсликува повеќе историски слоеви на идентитет. Овие посети го поттикнаа размислувањето за тоа како физичките простори може истовремено да ги претстават хармонијата и поделбата а воедно и тоа како одредени заедници го избираат начинот на кој го паметат и претставуваат своето заедничко минато.
Покрај теоретската дискусија, програмата вклучи активности во чии рамки учесниците се запознаа со практичната примена на вештините за промовирање на дијалогот. Симулативна игра насловена „A Temple in Doville“ им овозможи на учесниците преку различни улоги да се вклучат во сложени преговори за религиозната слобода во јавниот простор. Потоа следуваше структурирана дебата „Stand for Your Rights“, во која студентите зазедоа различни позиции во однос прашања поврзани со слободата на изразување, религиозната слобода и политиките на идентитет. Дебатата ги одрази реалните општествени тензии, но во завршниот дел се истакна значењето на потребата од разбирање, емпатија и пронаоѓање заедничко прифатливо решение.
Регионалната летна школа 2025 беше уникатна и влијателна иницијатива која успешно ги поврза дијалогот, учењето и личната рефлексија. Со тоа што обедини 17 млади од Западен Балкан и соседните земји, создаде ретка можност за вистинска интеркултурна размена на теми кои често се оптоварени со политички и историски наративи. Настанот потврди дека кога на младите ќе им се овозможи простор да дискутираат за идентитетот, религијата и национализмот, тие не само што учат од сопствените искуства едни од други, туку и почнуваат да замислуваат поинаква иднина за регионот – иднина градена врз разбирање, почит и соживот.
Теми
Integrationsvereinbarungen in Europa und Ableitungen für Deutschland
Indiens junge Demografie und alte Demokratie
Sofia, Plovdiv und das Tal der Rosen
Quantentechnologie und Deutschlands Sicherheitspolitik: Eine Geopolitische Notwendigkeit
Fallbeispiele für den Umgang mit rechtspopulistischen Parteien in Europa