Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

„Религија, Етницитет, Национализам“

регионална летна школа

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Универзитетот „Евро – Балкан“ од Скопје и Вилфрид Мартенс Центарот за европски студии ја организираа третата летна школа „Религија, Етницитет, Национализам“ што се одвиваше во периодот меѓу 12ти и 16ти Септември во Струга.

Asset Publisher

Околу 35 млади луѓе од различни земји во регионов зедоа учество на летната школа. Освен предавањата од ценети професори и предавачи од Македонија и земји од регионот, учесниците имаа и интерактивни работилници и студиски посети на религиозни објекти во градот Струга, како и воведни предавања од страна на претставници на религиозните заедници во Македонија.

Темите што беа обработувани за време на петдневната школа варираа меѓу мултидимензионалната врска меѓу државата и религијата, предизвиците на секуларизмот и современите држави, културниот диверзитет, етничкиот идентитет и одржливиот развој. Понатаму, како теми за дискусија во рамки на школата беа и порастот на религиозен радикализам во регионот на Југоисточна Европа, мигрантската криза како поттик за раст на национализмот во Европа и борбата против екстремизмот преку медиумите. Покрај тоа, учесниците имаа можност да разговараат за улогата на евро-интеграциите како катализатор за помирување меѓу религиозните и етнички разлики и начините за премостување на конфликтите преку дијалози.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher