Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

РЕГИОНАЛНА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2020

Новата агенда на ЕУ во контекст на регионалниот безбедносен комплекс

Од 26 ноември до 2 декември, КАС во соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола ја организираше Регионалната школа за безбедност 2020. Проектот е поддржан од „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

Asset Publisher

Главната тема на школата беше "Новата агенда на ЕУ во контекст на регионалниот безбедносен комплекс". Овогодинешната иницијатива на која земаа учество студенти, професори и експерти по безбедност од повеќе земји од регионот, односно Северна Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, беше спроведена во форма на серија вебинари и онлајн студентски работилници. Во рамки на овие пет дена студентите и експертите од областа на безбедноста разменуваат мислења и ставови на теми како социеталната и политичката безбедност во контекст на широкиот безбедносен комплекс,  регионални безбедносни предизвици и можности за унапредување на регионалната соработка на полето на безбедноста и справувањето со кризи.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher