Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Реализирана 7-та тренинг симулација “Визии и желби за Европа”

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии и ЦИВИК институтот ја имплементираа 7-та по ред тренинг симулација ”Визии и желби за Европа” во СОУ “Ванчо Прке” – Виница од 16-18 октомври.

Asset Publisher

Целта на симулацијата е да го доближи комплексниот процес на преговори за проширување на ЕУ, овозможувајќи им на учениците да креираат модел каква Европа сакаат во блиска иднина според нивното гледиште. Низ целата симулација, 45 средношколци имаа можност да научат како функционира ЕУ; да се запознаат со европските институции; да ги запознаат своите земји соседи како и да разменат лични мислења и ставови.

Симулацијата е базирана на реално сценарио, каде земјите кандидати за ЕУ како, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција, преговараат за влез во ЕУ. Исто така, учениците играат улоги на министри, претседатели, пратеници и високи претставници на Европската Унија. Низ целиот тек, тие имаат можност да дебатираат, преговараат, лобираат и донесуваат одлуки за иднината на ЕУ, притоа изразувајќи ги своите визии и желби за Европа.

Како дополнителна можност после тренингот, учениците се поканети да учествуваат на видео-натпревар на тема “Визии и желби за Европскиот идентитет?!” со што се овозможува да го употребат стекнатото знаење на креативен начин.

На почеток

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher