Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Летна европска академија

МОМЕНТАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА - НАЈДОБРИ ПРИМЕРИ НА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО

Млади луѓе од Западниот балкан дискутираа за моменталните предизвици на Европската интеграција

Asset Publisher

Следејќи ја стратешката определба на Западниот балкан кон Европската унија, 32 млади луѓе од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска и БиХ учествуваа на Европската академија во Отценхаузен, Германија за да ги споделат најдобрите примери за граѓанско учество.

Академијата се одржа од 21 до 30 август и опфати различни теми поврзани со Европската интеграција и граѓанското учество. Преку академијата учесниците имаа можност да дебатираат на теми како: демократија, мобилизација на младите луѓе, геополитичките предизвици на ЕУ, учество и волонтирање како и градење стратегии во НВО секторот. Понатаму, академијата понуди простор за градење на партнерства помеѓу учесниците каде што тие можеа да креираат проекти кои ќе ги имплементираат по завршување на академијата. Исто така, како специјален гостин на настанот беше поканета Г-ѓа Дорис Пак, поранешен пратеник во Европскиот парламент.

Програмата вклучи студиски посети на: Шенген, селото каде што е потпишан славниот договор за слободно движење на добра и луѓе низ Европа; Луксембург, седиште на Европскиот суд за правда и Европскиот парламент и Европската комисија во Брисел.

Летната академија беше организирана во партнерство од КАС, Фондацијата Шарл Леополд Мајер, Фондација АСКО-ЕУРОПА и Европската академија во Отценхаусен.

На почеток

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher