Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

УЛОГАТА НА ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО ПРИ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО НАТО И ЕУ

Панел дискусија

На 20 септември во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Инстиутот за демократија "Социетас цивилис" се одржа панел дискусијата „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“ на која како почесни гости учествуваа г-а Урсула фон дер Лајен, министер за одбрана на Сојузна Република Германија и г-ѓа Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Република Македонија.

Asset Publisher

На настанот свои обраќања имаа и Јоханес Д. Раи, официјален претставник на КАС во Македонија, германскиот амбасадор во Македонија Н.Е. Томас Герберих, Зоран Нечев, постар истражувач и раководител на Центарот за европски интеграции при ИДСЦС и Емина Нурединоска, раководител на одделот за граѓанско општество при Македонскиот центар за меѓународна соработка.

За време на настанот беше промовиран и документот за политики „Македонскиот модел за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори“ на авторот Иван Николовски од ИДСЦС во рамки на проектот „Perform to Reform” поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер.

Главните точки на дискусија се темелеа на моделите кои Македонија може да ги користи во преговорите за влез во Европската унија, начините на кои граѓанските организации можат да се вклучат како и искуството кое може Македонија да го извлече од соседните земји кои веќе преговараат за влез во ЕУ.

На почеток

Asset Publisher

Einzeltitel
27, септември 2018
Прочитај повеќе

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher