Veranstaltungsberichte
На средбата која измина во конструктивна и позитивна атмосфера беа присутни и претседателот на пратеничката група на Бундестагот за соработка со земјите од Југоисточна Европа, Штефан Албани како и Матиас Литенберг од Службата на сојузниот канцелар. Главните теми на разговор беа напредокот и предизвиците во преговорите за спорот со името, имплементација на реформите во Македонија, меѓуетничките односи и влијанието на надворешните актери во регионот.
Г-дин Петеринг особено истакна дека Фондацијата Конрад Аденауер ги поздравува сите напори за пријателско решение на спорот за името со Грција и дека е подготвена да обезбеди поддршка за средби на претставници од македонската и грчката страна на различни нивоа. Исто така, г-ин Петеринг ја истакна неопходноста за инклузивен дијалог во општеството со конструктивно учество од сите релевантни групи на граѓанското општество и политичките партии на Македонија.