Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Вебинар: “Новинарството во време на пандемија, вонредна состојба и карантин“

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на новинарите на Македонија од 26 до 28 мај организираа вебинар на тема: „Новинарството во време на пандемија, вонредна состојба и карантин - Предизвици, одговорност и период на промени и прилагодување“.

Asset Publisher

На работилницата учествуваа претежно млади новинари од повеќе медиуми, а во улога на обучувачи беа новинарите Столе Наумов и Маја Јовановска.

Вебинарот беше фокусиран на подобрување на вештините и техниките за интервјуирање, а беа опфатени и теми од истражувачкото новинарство. Се разговараше и за новинарството и медиумите во време на пандемијата со коронавирусот во насока на етичко и професионално известување.

Гости на работилницата беа Министерот за здравство, Венко Филипче и Мирче Адамчевски, новинар кој го победи коронавирусот. Учесниците имаа можност да разговараат со нив и да се информираат за сите прашања поврзани со пандемијата и нивните лични искуства. Освен тоа се разговараше за работата на медиумите и комуникацијата на министерот со новинарите во време на кризата.

По завршувањето на вебинарот, учесниците беа поделени во четири групи, во чии рамки заеднички ќе треба да изготват новинарски продукти кои потоа ќе бидат објавени и споделени на каналите за комуникација на КАС и ЗНМ.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher