Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Зајакнување на капацитетите на новоизбраните пратеници

Конференција

На 18 септември претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) во соработка со Институтот за општествени истражувања - МК91 од Скопје, организираа еднодневна конференција наменета за новоизбраните пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Asset Publisher

На настанот беа одржани предавања проследени со отворени дискусии и размена на искуства помеѓу предавачите и пратениците на теми како што се “Местото на законодавната власт (Собранието) во системот на поделба на власта – Анализа на Уставот, Законот за Собрание и Деловникот на Собранието”, “Улогата на Собранието во креирањето политики”, “Надзорната функција на Собранието” итн.

Конференцијата ја отворија официјалниот претставник на КАС во Скопје, Норберт Бекман-Диркес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како и Васко Наумовски, претседател на МК91.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher