Asset Publisher

Einzeltitel

Анализа на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

Инспекцискиот надзор во животната средина е од посебно значење имајќи предвид дека заштитата на животната средина е загарантирано право со Уставот на Република Северна Македонија. Оваа анализа прави прецизен преглед на состојбите и предизвиците во вршењето на инспекцискиот надзор на локално ниво, кој е од посебно значење за граѓаните.

Asset Publisher

Анализата утврдува недоследности од три аспекти, регулаторен, човечки ресурси и функционален.

Од регулаторен аспект, анализата утврдува недоследности во вертикалната, но, пред сè, на хоризонталната усогласеност на системските закони, Законот за организација на органите на државната управа и Законот за локалната самоуправа. Оваа неусогласеност создава правна конфузија во однос на тоа дали постои уставно-правна основа за основање  инспекциски служби на локално ниво и  укажува на законска колизија во однос на истото прашање. Дополнително, анализата утврдува и недостиг од субординација и координација помеѓу овластените инспектори за животната средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и помеѓу Инспекцискиот совет и овластените инспектори за животна средина. 

Од аспект на човечки ресурси, анализата констатира дека постои сериозна непополнетост, но и диспропорција во однос на пополнетоста на човечките ресурси во делот на овластените инспектори за животна средина во општините. Овој наод од анализата укажува на потреба од поголема координираност и меѓуопштинска соработка за надополнување и целосно искористување на скромните постоечки капацитети. Дополнителен недостаток е кадровската политика од аспект на соодветноста на образованието кое го имаат овластените инспектори за животна средина.

На крајот е функционалниот аспект, кој, всушност, ни дава слика за тоа дали системот на инспекциски надзор на локално ниво е функционален и дали го оправдува своето постоење. Анализата констатира дека поради немање  капацитети од човечки, стручен и образовен аспект системот на инспекција за животната средина на локално ниво не е целосно функционален. Како што погоре наведовме, утврдено е дека постои некоординација со Државниот инспекторат за животна средина, кој е клучен орган во оваа областа и кој поседува капацитети за спроведување  инспекциски надзор на државно ниво.

Имајќи ги предвид наодите од анализата, сосема е очигледно дека постои потреба за менување на системот на инспекциски надзор на локално ниво, пред сè, поради обезбедување  капацитети од секој аспект со цел да се воспостави ефикасен и ефективен систем. Оттука, доколку се земе начинот на поставеноста на целиот систем на инспекциски надзор за животната средина, можеби би било целисходно да се пристапи кон редефинирање на системот и воспоставување  единствен инспекциски надзор на територијата на Република Северна Македонија за кој би бил надлежен Државниот инспекторат за животна средина, а кој на локално ниво би се вршел преку регионални канцеларии на Државниот инспекторат имајќи ја предвид регионалната организација на територијата на РСМ.   

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher