Публикацијата претставува сублимат на споделени искуства и заклучоците кои беа презентирани во рамки на трилатерална иницијатива тема „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата Ковид-19“, во рамки на која се спроведоа низа вебинари на кои земаа учество претставници од академската сфера односно експерти по безбедност, како и претставници од државните органи на РС Македонија.
Публикацијата ја опфаќа здравствената криза со КОВИД-19 од аспект на можностите и перспективите за регионалната соработка на државите од регионот, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија, во насока на поефикасно и поуспешни справување со последиците од пандемијата.