Einzeltitel

Од следач на правила до поставувач на правила?

von Ana Krstinovska

Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан

Заедничка публикација на Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности - ЕСТИМА.

Економскиот подем на НР Кина сè повеќе е придружен со обиди за вршење политичко и дипломатско влијание, како и за промовирање на нејзиниот политички модел и вредности. Нејзиниот нов надворешно-политички пристап ја доведе Кина во расчекор со САД и другите западни сили, вклучително и ЕУ и неколку земји членки, особено откако Кина возврати на санкциите што ЕУ ги спроведе против 4 кинески функционери. Во една таква значително поларизирана геополитичка средина, земјите од Западен Балкан би можеле да се соочат со тешки избори и одлуки. Иако им се признава правото да ја одржуваат и да ја развиваат својата соработка со Кина, тие ќе мораат да се погрижат тоа да се спроведе на начин што не го попречува нивниот процес на пристапување кон ЕУ и не ги отуѓува нивните западни партнери.

Оваа анализа која ја изготви Ана Крстиновска има за цел да ги испита сегашните дилеми со кои земјите од Западен Балкан може да се соочат во однос на неодамнешните случувања меѓу ЕУ и Кина, да ги спореди потенцијалните придобивки со ризиците од соработката со Кина, да придонесе за посуптилно разбирање на присуството на Кина во земјите од Западен Балкан, како и да понуди препораки кои би можеле да им помогнат на креаторите на политики и во регионот и во ЕУ да направат поинформиран избор во врска со прашања поврзани со Кина.

На почеток