Настанот започна во четврток, на 26 март, со неформални поздравни обраќања од Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Франческо Сисмондини, претседател на ЕДС. Во своите обраќања тие поставија јасен политички тон, нагласувајќи ја важноста на единството, одговорноста и улогата на младите во обликувањето на иднината на Европа, посакувајќи им топло добредојде на учесниците во Скопје.
Официјалното отворање се одржа на 27 март, при што беа поставени клучните тематски и политички насоки на настанот. Во рамки на отворањето се обратија Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Сергеј Попов и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт. Во своите обраќања тие истакнаа дека Европа се наоѓа на пресвртница, соочена со геополитичка неизвесност, забрзана технолошка трансформација и зголемена потреба од проширување. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјата и регионот како стратешки императив за обезбедување стабилност на Европа. Дополнително, улогата на вештачката интелигенција, особено во образованието, беше нагласена како значајна можност, но и како одговорност што бара визија, внимателно управување и силно политичко лидерство.
Клучен институционален момент следеше со посетата на Претседателската вила, каде учесниците беа пречекани од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во своето обраќање, таа се осврна на предизвиците со кои се соочуваат демократијата и Европа, нагласувајќи ја важноста на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.
Во рамки на посетата на Собранието, програмата продолжи со панел дискусија на тема „Безбедност и стабилност: предизвици, соработка и улогата на идните генерации“. На панелот учествуваа потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, како и пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, кои дискутираа за актуелната безбедносна состојба во Европа. Во текот на дискусијата беше нагласено дека пасивноста повеќе не е опција, туку дека се неопходни засилена меѓусебна соработка, стратешко усогласување и одлучни политики, со цел ефикасно справување со геополитичките предизвици и обезбедување долгорочна стабилност во регионот на Западен Балкан.
Активностите продолжија со две панел дискусии. На првата панел дискусија „Фискална политика, инвестиции и економски раст – обликување на економијата на иднината“ земаа учество Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии и Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“. Во рамки на дискусијата беше истакнато дека економската стабилност претставува клучен предуслов за политичка стабилност. Преку одговорни фискални политики, стратешки насочени инвестиции и поттикнување на иновациите државите можат да изградат отпорни економии и да обезбедат одржлив долгорочен раст.
Втората панел дискусија на тема „Проширување на ЕУ и геополитика – зајакнување на стабилноста и соработката во Европа“ се одржа со учество на Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања, и Елена Кузмановска, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од панелот беше испратена јасна порака дека европската интеграција се темели на вредности, реформи и кредибилитет, а проширувањето на ЕУ беше нагласено како стратешка неопходност за зајакнување на стабилноста, безбедноста и единството на Европа.
По официјалниот дел, учесниците продолжија со работата во рамки на работните групи на Европските Демократски Студенти, каде политичките идеи беа преточени во конкретни предлози и политики.
Вториот ден, сабота, 28 март, започна со дискусија на тема „Енергетска безбедност и зелената транзиција: Предизвици и можности за иднината“. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска испрати јасна порака дека енергетската безбедност е клучно политичко прашање кое го засега секој граѓанин. Таа нагласи дека зависноста претставува ризик, додека стабилноста е резултат на одговорни и навремени одлуки. Фокусот беше ставен на инвестиции во обновливи извори, модернизација на системот и регионална соработка, со јасен став дека транзицијата мора да се реализира без да се наруши стабилноста.
Потоа официјално започна Советот на Зимскиот универзитет на ЕДС со над 70 учесници од 25 држави. Отворањето беше одбележано со обраќања на тема „Иднината на Европа и улогата на демократското лидерство“ на кое се обратија Даниел Браун, Сергеј Попов и претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Во своите говори тие ја истакнаа потребата од силно лидерство, јасна политичка визија и активна улога на младите во креирањето на иднината на Европа.
Советот продолжи со својата работна агенда, каде преку дискусии и дебати се третираа клучни политички и организациски прашања. Настанот беше затворен со завршно обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ја нагласи важноста од единство, одлучност и континуиран ангажман во остварувањето на националните интереси и европската перспектива.
Во духот на соработка, отвореност и европски вредности, Зимскиот универзитет на ЕДС 2026 уште еднаш потврди дека младите се клучен двигател на позитивни општествени промени.
Теми
За серијата публикации
Die Konrad-Adenauer-Stiftung, ihre Bildungswerke, Bildungszentren und Auslandsbüros bieten jährlich mehrere tausend Veranstaltungen zu wechselnden Themen an. Über ausgewählte Konferenzen, Events, Symposien etc. berichten wir aktuell und exklusiv für Sie unter www.kas.de. Hier finden Sie neben einer inhaltlichen Zusammenfassung auch Zusatzmaterialien wie Bilder, Redemanuskripte, Videos oder Audiomitschnitte.