Asset Publisher

Einzeltitel

30 години државност, Уставот-темел на иднината

Документарен филм

Документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ е во ко-продукција на претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и на Македонската Радио Телевизија. Филмот ја одбележува 30 годишнината од донесувањето на Уставот, изгласан во Собранието на 17 ноември 1991 година, преку приказ на изградбата, предизвиците и успесите на државата.

Asset Publisher

Преку богатата видео архива за случувањата низ овие 30 години е прикажано влијанието на уставните промени во развојот на државата, граѓанското општество и созревањето на нацијата. Еминентни говорници меѓу кои и претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски, со личен осврт кон случувањата и уставните промени говорат за трансформацијата и за искушенијата низ времето.

Продуцент на филмот е официјалниот претставник на Фондацијата Даниел Браун, продуцент од МРТ1 е Наталија Зафировска, одговорен уредник на МРТ1 e Анета Андонова и уредник на информативна програма на МРТ1 е Стојан Трпчевски. Оригиналната идеја е на проф. д-р Александар Спасеновски и тимот на Институтот за општествени истражувања „МК91“, сценариото е на Дарко Чекеровски, режисер е Кирил Каракаш, директор на фотографија е Светислав Подлешанов, монтажер е Марко Џамбазоски.

Документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ е проект спроведен од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 и Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.  

На 17 ноември 2021 година, на денот на одбележувањето на 30 годишнината од донесувањето на првиот македонски Устав, документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ беше премиерно прикажан на МРТ1.

Документарниот филм е достапен на следните линкови:

Верзија на македонски јазик

Верзија на англиски јазик

 

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher