Asset Publisher

Einzeltitel

6. Mакедонско-Германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02.11.2022 Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Делегацијата на германското стопанство и Институтот за демократија беа домаќини на 6. Македонско-Германскиот форум на тема: „Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина“. Најновите случувања во Европа доведоа до серозни нарушувања во стопанството, корона кризата беше првиот удар за стопанството во Европа, вториот удар е војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, санкциите кон Русија и енормните цени на гас и нафта, се последниот удар со кои се бори индустријата.

Asset Publisher

Настанот го отвори Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија во Северна Македонија, Даниел Браун, Директор на фондацијата Конрад Аденауер, Дитер Алтхаус, Потпретседател на Магна Европа, Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Косово и Албанија и Зоран Нечев, Институтот за демократија „Социетас  цивилис“.                                                                                                              

Амбасадорката на СР Германија во Северна Македонија, Холштајн говореше за перспективата на Северна Македонија.

„Не е случајно што Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија добива поголемо внимание од германската сојузна влада од кога било досега: Наш приоритет е да ги внесеме земјите од Западен Балкан во Европската унија - да го заштитиме мирот, стабилноста и економскиот напредок за нас и за следните генерации. Ова е исто така причината зошто германската влада го ревитализираше Берлинскиот процес. Почит и благодарност за принципиелната позиција на Северна Македонија – целосно усогласување со позициите на ЕУ, вклучувајќи ги санкциите, пречекот на бегалци, доставување оружје. Заедно стоиме против војната на Русија во Украина и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина.- Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија во Северна Македонија“.

Даниел Браун, Директор на фондацијата Конрад Аденауер, говореше за нарушувањето во економијата во Европа.

„Руската агресија врз Украина не претставува само напад на меѓународниот поредок, туку ги соочува Европа и светот со сосема нови предизвици. Покрај снабдувањето со енергија важни за идните инвестиции се и новите локации на производство како и синџирот на добавувачи- Даниел Браун, Директор на фондацијата Конрад Аденауер“.

Патрик Мартенс, Директорот на Делегацијата на германското стопанство информираше за состојбата во стопанството во Германија, која игра важна улога и за понатамошните одвивање во стопанството на целиот Западен Балкан.

„Нарушените синџири на снабдување кои беа предизвикани од „Ковид“, но и затворањето на пристаништата во Кина ни покажуваат колку се ранливи нашите домашни индустрии. Сепак со војната во Украина кризата го достигна врвот, повторно нарушување во синџирите на снабдување и вртоглаво зголемените цени на енергијата.

Затоа, Југоисточна Европа, особено Западен Балкан, се во фокусот на новите синџири на снабдување за диверзификација на ризикот. Трговскиот биланс во моментов со овој регион веќе покажува импресивни резултати и тој ќе продолжи да расте. Порано се бараа компании на кои компаниите од Западна Европа им продаваа услуги и производи, денес тие на Западен Балкан бараат компании од кои ќе купат готови или полу производи-Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Косово и Албанија“.

Зоран Нечев, Институтот за демократија говореше за одлуките во политиката и нивното спроведување во пракса при носењето на бизнис одлуки.

„Дали политичките одлуки на германската Влада, се базирани на научените лекции од постоечкото криза? Одличен пример од праксата е продажбата на дел од пристаништето во Хамбург, на кинеска компанија. Дали лекциите од Ковидот и од војната во Украина ги научивме и во пракса, или истите остануваат само како пораки од јавни дебати- Зоран Нечев, Институтот за демократија, Социетас цивилис“.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher