Asset Publisher

Einzeltitel

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2020)

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го промовираа истражувањето “Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-2020)” на авторот Иван Дамјановски.

Asset Publisher

На почеток

Фондацијата Конрад Аденауер  и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје во 2014 година започнаа со воспоставување лонгитудинална база на податоци за јавната поддршка на пристапниот процес и членството на Македонија во ЕУ. Оваа база на податоци се сосредоточува на две димензии на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ коишто се адресираат во секое годишно истражување, а чиешто мерење се ефектуира преку користење идентична батерија анкетни прашања. Ваквата акумулација на споредливи податоци го отвора патот за воспоставување посериозни лонгитудинални анализи на поддршката за членството на Македонија во ЕУ. Притоа, како надополнување на овој унифициран дизајн, секое годишно истражување понатаму го испитува и јавното мислење за евроинтеграцискиот процес, низ призма на актуелни теми специфични за конкретни временски периоди.

 

Asset Publisher

Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher