Asset Publisher

Einzeltitel

Безбедноста и КОВИД-19:

Политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата

Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат публикацијата со наслов „Безбедноста и КОВИД-19: политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата” во коавторство на тројца универзитетски професори и експерти по безбедност, односно Проф. Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, Проф. Драган Џукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград и Проф. Татјана Дронзина од факултетот за политички науки при Софискиот универзитет.

Asset Publisher

Публикацијата претставува сублимат на споделени искуства и заклучоците кои беа презентирани во рамки на трилатерална иницијатива тема „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата Ковид-19“, во рамки на која се спроведоа низа вебинари на кои земаа учество претставници од академската сфера односно експерти по безбедност, како и претставници од државните органи на РС Македонија.

Публикацијата ја опфаќа здравствената криза со КОВИД-19 од аспект на можностите и перспективите за  регионалната соработка на државите од регионот, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија, во насока на поефикасно и поуспешни справување со последиците од пандемијата.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher