Asset Publisher

Einzeltitel

Декарбонизација на економијата на Северна Македонија

Фондацијата Конрад Аденауер, Вилфред Мартенс Институтот за Европски студии и Институтот за демократија ја претставуваат анализата на тема: „Декарбонизација на економијата на Северна Македонија„.

Asset Publisher

Војната во Украина го промени геостратешкото влијание на енергетските пазари во светот, манифестирано главно преку промените на цените на енергетските горива и електричната енергија и со тоа влијаеше на плановите за транзиција со ниска емисија на јаглерод. Зголемените цени на енергијата ги поттикнаа владите да ги преиспитаат своите енергетски политики. Многу земји – вклучително и Северна Македонија – размислуваат за зголемување на фосилните горива како дел од нивниот одговор, но зголемувањето на фосилните горива би ја ставило целта од 1,5 Целзиусови степени надвор од дофат.

Од октомври 2021 година, Северна Македонија, поради вртоглавот раст на цените на енергијата на пазарот, го одложи затворањето на електраните на јаглен со цел да ја поддржи енергетската безбедност на земјата. Енергетската криза ја принуди Владата на Северна Македонија да обезбеди буџетска поддршка на енергетските компании во износ од 760,2 милиони евра досега.

Преземен е систематски преглед на литературата, проследен со длабинска анализа за да се утврди степенот до кој новата глобална енергетска парадигма ќе влијае на главните стратешки цели поврзани со енергијата на земјата. Резултатите покажуваат отстапување од патеката на декарбонизација и планираните мерки, како и можни промени во сценаријата на инвестициските трошоци. Врз основа на оваа анализа, дадени се три клучни препораки за политика за враќање на патеката за декарбонизација.

Сегашната енергетска кризи без преседан во Европа може да бидат главниот двигател за девалвација на националните економии, што резултира со економска инфлација. Но истовремено, тоа претставува и можност за инвестирање во обновливите извори на енергија и особено во енергетска ефикасност, со што би се придонело за одржлива зелена транзиција во Северна Македонија.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher