Asset Publisher

Einzeltitel

Доделени три награди за „НајГЛАСни!“ ученички заедници

Кога училиштата поддржуваат и поттикнуваат „ГЛАСни“ ученички заедници, имаме активни и мотивирани ученици подготвени да преземат активно учество во демократските процеси и да бидат носители на промени во образовниот систем, но и во општеството. Ова можеше да се заклучи од тридневниот настан доделување на наградата за средношколско учество – „најГЛАСни!“ , кој се одржа од 29 до 31 март во Скопје и Велес, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Здружението ЛЕАД и Сојузот на средношколци на Северна Република Македонија.

Asset Publisher

На настанот учество зедоа претставници  на 7 училишта како финалисти, составени од по 3 ученици и еден наставник, кои беа  избрани на отворен повик. Во рамките на активностите, беше посетено Собранието на РСМ каде учениците имаа можност да дискутираат и разменат искуства со младите пратеници во рамките на Клубот за младински прашања и да се запознаат со функцијата на оваа институција.

„Клубот за младински прашања и политики е партнер на младите. Преку ваквите настани сакаме да пратиме порака дека младите имаат поддршка во процесот на креирање и носење на одлуки” изјави Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Клубот за младински прашања.

Останатите два дена учениците ги разработуваа нивните акциски планови за имплементирање на училишни иницијативи, кои потоа беа презентирани пред тричлено стручно жири.

Врз основа на претходно дефинирани критериуми и потенцијалот на училишните иницијативи комисијата селектира 3 училишта за победници кои добија по 10.000 денари за имплементација на нивната иницијатива во своите училишта. СУГСГ „Орце Николов„ – Скопје, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш и ОСУ „Св.Климент Охридски„ – Охрид добија признание за „најГЛАСни“ ученички заедници во учебнаа 2021/2022.

Организаторите беа задоволни од интересот за учество во настанот кој за првпат се одржува и ќе продолжи во иднина да ги наградува најдобрите училишни заедници.

„Фондацијата Конрад Аденауер ја цени работата на училишните заедници и смета дека тие се место каде учениците можат да се занимаваат со општествени прашања и за истите да дискутираат. Едно демократското општество живее од дебатата, но тоа мора да биде и отворено за компромиси, да ги чуе аргументите на противникот и истите да ги прифати. Демократската дебата секогаш за цел треба да има да се донесе најдоброто решение за сите. Затоа ни беше мошне драго што можевме да го посетиме Собранието и да разговараме со младите пратеници за да  на идните можни политичари им ги пренесеме неопходните аспекти на демократска култура. Во таа насока ќе ја продолжиме нашата соработак со училишните заедници. “ изјави Даниел Браун, официјален претставник на Канцеларијата за Северна Македонија

 „Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците“ изјави Иван Јованов извршен директор на ЛЕАД.

Наградата за средношколско учество – „најГЛАСни!“ се доделува од страна на Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој и Сојузот на средношколци на РСМ. Наградата претставува признание за активноста и работата на средношколските заедници во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

 

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher