Asset Publisher

Einzeltitel

ИЗБОРОЛОГИЈА

Преку друштвена игра до поголема политичка едукација на младите

Првата он-лајн друштвена игра за политичка едукација на македонски јазик „Изборологија“ креирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) им овозможува на играчите да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествуваат во парламентарните избори.

Asset Publisher

На почеток

Младите луѓе од Република Северна Македонија активно учествуваат во изборните процеси во земјава, покажуваат последните статистики според кои секој втор млад човек редовно гласа на избори (53%), а на последните парламентарни избори во 2020 година, гласале високи 74,7%. Сепак, од друга страна повеќе од половина од младите луѓе (56%) ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата. Тоа значи дека голем дел од младите неифнормирано се вклучуваат во изборните процеси, што укажува на ниска политичка свест и едукација помеѓу младите.

За унапредување на ваквата состојба, односно зголемување на политичката едукација кај младите, Фондација Конрад Аденауер  и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) ја креираа првата он-лајн друштвена игра за политичка едукација „Изборологија“. Играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја. Примарна целна група за која е наменета играта се млади гласачи или млади кои допрва треба да добијат гласачко право, но играта е достапна и за сите останати заитнересирани.

Со креирање на кориснички профил за играње на www.izborologija.mk и играње на играта заедно со други корисници, играчите имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем во нашата земја, да разберат како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието на нашата земја и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher