ПОЛИТИКАТА И УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
На страниците што следуваат е изложен обид на мерлив начин да се утврдат некои од клучните предизвици на високото образование во Република Македонија. Имено, во конкретна смисла, целта е да се увиди: Дали високото образование е автономно и во колкав обем; На каков начин институциите ја реализираат високообразовната политика во земјата; Дали е оправдан бројот на универзитетите во државата; Дали е доволно квалитетен наставниот кадар и образовните програми на високообразовните установи во државата; како и Каков е квалитетот на наставата и на професионалноста во работата на приватните наспроти државните високообразовни установи?