Осмите локални избори од независноста на Република Северна Македонија ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. На изборите ќе се избираат градоначалници и советници на 80 локални самоуправи и Градот Скопје. Како подносители на листи на кандидати за градоначалници и/или листи на кандидати за членови на совет, на овие избори се јавуваат 6 коалиции и 26 политички партии. Групи на избирачи дале поддршка на 56 независни кандидати за градоначалници и 67 независни кандидатски листи за членови на совет.
Прирачникот дава преглед за локалните избори 2025 година, како и за историјата на локалните избори во земјата, изборниот систем и учесниците во изборниот процес.
По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина.
Прирачникот е достапен на македонски и англиски јазик.
Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната Изборна архива.