Asset Publisher

Einzeltitel

ТРКА НА 3, 6 И 9 СО ПРЕЧКИ. КОН ЧИСТА ПРЕПОРАКА?

Набљудување на спроведувањето на последните 3 месеци од План 3-6-9

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот.

Asset Publisher

На почеток

Нa 03-ти мај, 2018 година (четврток) со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, беше одржана прес-конференција на која беа објавени наодите од третиот извештај од следењето на реализацијата на активностите од Планот 3-6-9 во последните три месеци како и на планот во целина.

Главен заклучок од овој извештај е дека главната цел на реформскиот План 3-6-9, добивање чиста препорака за отпочнување на пристапни преговори е постигната. Сепак, наодите од набљудувањето сугерираат дека, и покрај соодветната приоретизација на реформската агенда, делот 9 бележи делумно задоволителен статус на реализација.

Целосните наоди можете да ги погледнете во публикацијата која е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher