На македонската младина ѝ се потребни силни вештини и знаења кои ќе помогнат во зголемување на медиумската и информатичката писменост и со тоа да си обезбеди конструктивно учество во плуралистичката демократија, соочена со сложени домашни, регионални и глобални предизвици. Покрај тоа, релевантните институции треба да ги зајакнат своите капацитети за да можат да го обезбедат овој стадиум кај младите. Најдобар начин да се постигне ова е ако се развие стратегија која ќе почива на основите и предлозите на УНЕСКО за конвергирање на пристапот на Медиумска писменост и Информатичка писменост во Медиумска и информатичка писменост. Оттука, студијата предлага воспоставување контекстуална рамка и пристап што ќе ѝ овозможи создавање подобри услови за нашата младина за искористување на можностите на Информатичко-комуникациските технологии и апликации за социјални медиуми, а при тоа да ја зачува безбедноста и да го намали влијанието на негативните ефекти што ќе продолжат да се развиваат.