Оваа публикација подготвена од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит”, на барање на Министерството за правда на Република Македонија, дава преглед на клучните меѓу-институционални платформи за развој, спроведување, следење и оценување на правосудните реформи во Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска, како и препораки за развојот на Советот за реформа на правосудниот систем во Македонија. Нејзиното објавување го поддржа Фондацијата Конрад Аденауер.