Asset Publisher

Einzeltitel

Местото на Република Северна Македонија во кинеската стратегија за Западен Балкан

Постои ли кинеска стратегија за Западен Балкан?

Публикација на Ана Крстиновска

Asset Publisher

На почеток

НР Кина е најновиот чинител што се обидува да има влијание во Западен Балкан (ЗБ). За разлика од Русија и Турција, кои се присутни во ЗБ со векови и имаат веќе развиени стратегии, засновани на втемелени интереси и традиционални сојузништва, целите и активностите на НР Кина остануваат релативно нејасни. Оваа анализа има за цел да ја појасни кинеската агенда за регионот, фокусирајќи се особено на Република Северна Македонија, но и правејќи споредби со другите држави кога тоа е релевантно за да се идентификува појавата на шеми. Имајќи го предвид непостоењето на експлицитно дефинирани цели од кинеска страна, определувањето на шемите е суштинско за да се открие дали постои наменска стратегија зад кинеското присуство во ЗБ и, ако тоа е случај, во што се состои стратегијата и што таа значи за РС Македонија. Наоѓањето одговори на овие прашања е неопходно за да се изработи соодветна политика за Кина која би им помогнала на властите да ги максимизираат националните интереси и да избегнат можни замки. Овој труд не обезбедува сеопфатен приказ на сите интеракции меѓу македонски и кинески чинители, но се осврнува на најрелевантните и илустративни примери, особено во однос на економската соработка – област во која Кина има најголема тежина за регионот.
Првиот дел од анализата ќе се осврне на кинеското присуство во РС Македонија, фокусирајќи се на разликата меѓу јавни договори и вклучување чинители директно поддржани од кинеската влада (на пр., државни претпријатија и банки) и приватен капитал. Вториот дел ќе го анализира македонското учество во кинеската иницијатива Појас и Пат (ПиП) и 17+1 соработката со Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Третиот дел ќе ги разгледа македонско-кинеските односи низ призмата на евроинтегративниот процес. На крај ќе бидат извлечени заклучоци и изведени препораки за јавни политики.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher